СКСЗМ на средба со Движењето БЕСА
01 Декември 2016 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија денеска оствари средба со претставниците на Движењето Беса каде се дискутираше за економската платформа на Комората и на можностите за подобрување на бизнис климата во земјата. Бизнисите се главни генератори на вработување и од Комората бараат активно вклучување на бизнис секторот во креирање на политики за намалување на невработеноста и вклучување на коморите во потготовката на програмите за обука на невработените или занаетчиите.
СКСЗМ истотака предлага реструктурирање на јавните трошоци и буџетот на РМ да се насочи кон развојните политики а не како што било случај социјалниот буџет само за одржување на социјалната стабилност: зголемување на капитални инвестиции од просек 14% годишно на минимум 25%; до 3% од БДП да се инвестира во образование, истражување и развој и други. Комората бара неселективна примена на законите, особено оние во полза на развојот на бизнисот и обезбедување на правичен даночен и социјален систем, со реформи за пропорционална распределба на средствата обезбедени од државните даноци.
Во делот на развојот на бизнисот, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, предлага намалување на основната каматна стапка од Народната Банка на РМ, кое што би придонело до директно зголемување на кредитирањето на комерцијалните банки кон бизнис заедницата и општеството.
Како мерка за поддршка на претприемништвото, Комората предлага поттикнување на малите и средните бизниси преку стимулирање на претприемништвото во руралните средини како и преку промоција на жените во бизнисот и – навремена исплата на државните долгови кон компаниите со што ќе се зголеми ликвидноста на приватниот сектор.
СКСЗМ во својата платформа предлага и унификација на даночните и царинските тарифи со соседните земји како и признавање на сертификатите на лабораториите од Македонија во земјите каде што се извезува и обратно, особено обезбедување на функционирање на слободен пазар во сите сфери, особено укинување на субвенциите за жито со цел почитување на слободниот пазар и да се остави простор за конкуренцијата да ги регулира цените и производството.
Инфрасктруктурата преставува најбитен предуслов за водење бизнис како и за економскиот развој на земјава, како најважни приоритети СКСЗМ ги насочува инвестициите во патната и граничната инфраструктура со цел на олеснување на бизнисот во земјата како и во пограничните држави. Како клучни приоритети во оваа област СКСЗМ ги наведува: завршување на физибилити студијата на патот на „Руга е Арбит„ и конкретно започнување на реализација на проектот, односно изградба на патната оска “Мостот на Бошко”, Дебар – Гостивар, Скопје-Блаце, Желино-Јажинце, Тетово – Призрен, отворање на царинскиот терминал во Јажинце и други.
Платформата на СКСЗМ за економски развој на Македонија вклучува и реформи на: јавните и државните институции, јавни финансии, вработување, развојот на бизнисот, правната регулатива, мали и средни претпријатија, претприемништво, даноци, алтернативни фондови за финансирање на бизнис, технолошките индустриски развојни зони, инфрасктруктурата и енергетика, земјоделство, развој на туризмот и други.
Барањата на бизнисмените од СКСЗМ до политичките партии, воеднаш и до Движењето БЕСА се: транспарентност и отчетност, намалување на нееднаквоста во регионалниот развој, напуштање на митот за евтина работна сила, нови мерки за зголемување на вработеноста, подготвување на економска платформа за одржлив економски развој и сериозен ангажман за зголемување на растот на БДП над 4 %.
Comments are closed.