СКСЗМ на саем во Бујановац
Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, на 09 Мај 2014 година учествуваше на Меѓународниот саем за земјоделство и инвестициските потенцијали во Бујановац 2014, организиран од страна на општината Бујановац, преку локална канцеларија за економски развој и други јавни институции, каде што основач е општина Бујановац. Главниот донатор на организацијата на саемот беше австриската амбасада во Белград.
На саемот, исто така, беа поканети останатите стопански комори, од Србија, Косово, СКСЗМ и Комората за трговија и индустрија на Тирана, како и претставници на донаторските организации кои работат во земјата, претставници на амбасади во Белград и претставници на министерствата.
Добредојде на гостите им посака градоначалникот на Бујановац г-дин Нагип Арифи, а потоа воведен говор имаше амбасадорот на Република Австрија г-дин Johannes Einger.
Исто така, беа презентирани партнерите и соработниците на општината Бујановац: Претседател на Регионалната стопанска комора на Лесковац г-дин Горан Јовиќ, заменик. Министерот за економија и развој на Република Албанија г-ѓа Брунилда Паскал, претседател на Косовската бизнис алијанса г-дин Агим Шахини, претставници од Стопанската комора на Косово, и потпретседателот на СКСЗМ г-дин Назми Ејупи.
Компаниите кои учествуваа на саемот имаа можност да ги претстават своите производи и да воспостават деловни контакти, воспоставување на регионална соработка меѓу земјите од Западен Балкан.
Од страна на членовите на СКСЗМ на овој саем со своите производи учествуваше компанијата УКА КОМЕРЦ од Скопје.
Покрај Саемот беа организирани и други културни активности во централниот плоштад на Бујановац, по повод Денот на градот Бујановац, исто така, и на денот на Европа.
Comments are closed.