СКСЗМ на саемот “Недели на Национален Бизнис 2012 Улцињ”
На 30 јуни 2012 (сабота), Стопанската комора на Северо – Западна Македонија, заедно со уште неколку компании членки, учествуваше на саемот “Недели на Национален Бизнис 2012 Улцињ”, кој се одржа на Мала плажа – Голем МОЛ во Улцињ.
Настанот беше организиран од страна на Општина Улцињ во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија, и саемот официјално го отвори градоначалникот на Улцињ, г-дин. Назиф Цунгу и Претседателот на КБА, г-дин. Агим Шахини, а потоа на присутните им се обратија и претседателот на Советот на Албанскиот Агробизнис г-дин Енвер Фаризи, претседателот на СКСЗМ г-дин. Мендерес Kучиi и градоначалникот на Прешево, г-дин. Рагми Мустафа.
На саемот беа присутни и бизнисмени од земјата и од соседните земји, кои ги претставија своите производи. Манифестацијата заврши со концерт на “Ритуал на животот” од Театар на Опера и Балет во Тирана.
Оваа организација има за цел да ја зголеми потрошувачката на националните албански производи и пораст на извозот во земјите од регионот и пошироко.
Comments are closed.