СКСЗМ на саемот на Институции кои го подржуваат претприемништвото
Денеска започна манифестацијата Европски ден на претприемачот и Европска недела на мали и средни претпријатија под мотото „SMART prenuеrship за развој и напредок“, во организација на Европската бизнис асоцијација.
На овој саем учество имаше и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија со цел промовирање на претприемништвото, креативноста и иновативноста, како и информирање на претприемачите за поддршката што им се нуди преку разни форми за нивен развој достапни во националните, локалните и програмите на ЕУ.
На манифестацијата се обратија заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министрите за економија и за образование и наука, Ваљон Сарачини и Спиро Ристовски.
Comments are closed.