СКСЗМ на “Саемот за кариера”
На 07 мај, 2012 година, Стопанската комора на Северо – Западна Македонија учествуваше на “Саемот за кариера”, организиран од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа. Саемот го отвори Ректорот, проф. Д-р Замир Дика, кој рече дека овој саем, меѓу другото, е и можност да им се помогне на младите луѓе да најдат работа, и за сите студенти да се запознаат со нашите простории на работодавачот.
Саемот на кариера беше добра прилика за студентите да се запознаат со работата на СКСЗМ, и да разговараат за можностите за вработување, да бидат ангажирани како практиканти, и да разговараат за соодветноста на квалификациите и нивните вештини со барањата на пазарот на трудот или на компаниите, членки на нашата Комора.
Саемот на кариера се организира годишно од страна на Центарот за кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Comments are closed.