СКСЗМ на работна посета во Норвешка

  Делегација на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, предводена од нејзиниот претседател, г-дин. Мендерес Кучи спроведе тридневна работна посета на Норвешка. Посетата е резултат на активностите предвидени во проектот спроведен од страна на СКСЗМ со дијаспората, кој е поддржан од проектот на УСАИД за подршка на мали и големи бизниси.

  Меѓу главните активности на делегација беше средбата со Федерацијата на норвешките претприемачи VIRKE, одделот за меѓународна трговија, со кои се разговараше за можностите за заедничка соработка помеѓу компаниите од Македонија и Норвешка.

  Исто така многу значајна средба беше и средбата со SIVA International Management AS и Innovation Norway, кои исто така раководат со слободната економска зона во Тетово.

  Главната цел на SIVA International Management AS, е да ги поддржи норвешките бизниси кои работат надвор од Норвешка. Таа вложува во инфраструктурата за норвешките бизниси во странство, како и програми и проекти кои придонесуваат за меѓународна соработка на бизнисите.

  На вториот ден од посетата, делегацијата го посети технолошкиот парк во Осло, каде што одблиску се запознаа за условите за работа, како и организирање на развојот на истражувачкиот капацитет на паркот.

  Главната активност беше одржана на 22.05.2014 во вечерните часови, кога делегацијата имаше состанок албанската дијаспора во Норвешка, кои подетално се информираа за целта на посетата, како и можностите за реализација на инвестиции во слободната економска зона во Тетово.

Делегацијата беше составена од:

1. Мендерес Кучи – претседател на СКСЗМ.

2. Теута Арифи – Градоначалник на општина Тетово

3. Енвер Абдулахи – Амбасадор на Република Македонија во Норвешка.

4. Арбен Халили – Извршен директор на СКСЗМ

5. Карл Ларкинс – Шеф на Проектот на УСАИД за Проширување на мали бизниси

6. Хисен Џемаиљи – претседател на Советот на Општина Тетово

7. Аки Етеми – Претседателот на одборот на директори на НОРМАК Инвестмент груп

8. Дритан Kрифца – Извршен директор НОРМАК Инвестмент груп

9. Фатмир Саити – Директор на Канцеларијата за економски развој во општина Тетово

10. Берат Лимани – УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси

 
Посетата се одржа од 20-23 Мај 2014 во Осло, Норвешка.


Comments are closed.