СКСЗМ на работен ручек со премиерот Груевски

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија реализираше средба со премиерот г-дин Никола Груевски во Скопје во хотелот Александар Палас.

  На средбата беа присутни претседателот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија г-дин. Мендерес Кучи, извршниот директор г-дин Арбен Хаљиљи, министерот за економија г-дин Ваљон Сараќини, вицепремиерот за економски прашања г-дин Владимир Пешевски, заменик-премиер и министер за финансии г-дин. Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски г-дин Миле Јанакиески.
Од СКСЗМ присутни беа и членовите на Управниот и Надзорнит одбор, како и другите членови на комората.
  Целта на оваа средба беше членовите на СКСЗМ директно да можат да ги откријат своите идеи, но исто така и тешкотиите со кои се соочуваат во нивната секојдневна работа, со владини претставници.
    Како тема на дискусија беа зголемувањето на ефикасноста на судскиот систем, подобрување на патната инфраструктура, односно автопатот Скопје-Блаце, поедноставување на царинските постапки и зголемување на ефикасноста на граничните премини и околу времетраењето на царинење на стоки, создавањето на соодветни услови за земјоделското земјиште кое е во сопственост на државата да може да се користи и понуди на бизнисите кои се фокусирани на зголемување на производните капацитети со цел да се придонесе кон вработувањето на работната сила во земјата, кое исто така ќе овозможи повеќе одржлив економски развој, зголемување на ефикасноста на плаќање на Агенцијата, особено кога се работи за средства од ИПАРД програмата и многу други важни теми.


На крајот на средбата, премиерот Груевски и претседателот на СКСЗМ г-дин. Мендерес Кучи се договорија дека оваа соработка во иднина да биде уште почеста, која ќе им овозможи надминување на тешкотиите на време помеѓу бизнисите и институциите.
    На крајот од средбата, претседателот на СКСЗМ г-дин  Мендерес Кучи и министерот за финансии г-дин Зоран Ставрески дадоа изјава за медиумите.