СКСЗМ на официјална посета кај претседателот на Република Албанија Илир Мета

12  Март 2018 – Бизнис делегацијата на СКСЗМ предводена од претседателот Неби Хоџа, Клубот на производители од Косово и Сојузот на производители од Албанија, денеска одржаа официјална посета во Албанија . После церемонијата на пречекување од страна на претседателот на Република Албанија Илир Мета, претседателот на економскиот форум на Меѓународните Производители – Нагип Фејзи, го презентираше форумот и после тоа се дискутираше за законодавството и неговата примена врз производствените претпријатија.

Претседателот Мета ја подржа иницијативата за основање на овој Форум како основна  потреба за тековниот економски развој, особено во рамките на нашата заедничка агенда за членство на западниот Балкански Регион во ЕУ.

Претседателот на Албанија Илир Мета, ги повика  Македонските бизниси да искористат колку што е можно повеќе од олеснувачките услови кои ги нуди Албанија за надворешните бизниси. Тој рече дека Албанската власт сака да забележи дека деловната соработка има се поголема улога  во односите помеѓу овие две земји.

“Тековните односи се одлични, основани на стратешка соработка, кои што се зајакнаа последните години, со што се креира исто така одлична перспектива и многу добра клима за соработка во сите области. Без сомнение дека секогаш сме ангажирани кон конструктивна институционална соработка и бараме даночни олеснувања кај граничните области.” – рече Хоџа.

За време на состанокот се виде потребно да се даде поддршка на производите со албанско потекло од сите наши места, со цел да овие бизниси постојано и сигурно се зголемуваат, но и истовремено да ги зголемат можностите за пласирање на колку што може повеќе домашни производи. Особено се зборуваше за имплементацијата на новите мерки за поддршка на домашниот производ, и се оцени дека овие мерки ќе помогнат во развојот на приватниот сектор, односно производителите од Албанија и Македонија, и на сите што инвестираат во нашите места.

Двете страни покажаа посветеност за реализација на топ приоритетите, а тие се:  подобрување на деловната средина, поддршка на домашниот производ и зголемена вработеност, имајќи ги предвид предизвиците за интеграција и регионализација.

Претседателот Мета покажа подготвеност , кажувајќи дека крајно време е сите заедно да имаме заедничка визија за економската иднина. “Тековно, ни требаат силни пораки за надеж и развој ,помина времето на ветувања,  сега ни требаат остварувања” – рече Мета.

Тој ја изрази идејата дека со земање на примери од други земји, да се креира слободна економска зона , која ќе го опфати целиот албански простор.