СКСЗМ на Национална Конференција
18 Oктомври 2016 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија денес беше дел од Национална Конференција Градење Култура на Соживот Соработка помеѓу Граѓанските Организации и Локалната Самоуправа како Фактор за Развој на Меѓу-Етничкиот Дијалог.
Цел на конференцијата беше да се овозможи дијалог помеѓу клучните чинители на локално ниво и граѓанското општество со цел справување со предизвиците на мултикултурниот соживот, да се зајакне соработката помеѓу граѓанското општество и локалните власти во мултикултурнa средина и да се развијат препораки за понатамошни акции за поттикнување на соработката помеѓу етничките заедници.
Во текот на конференцијата беа презентирани проектите финансирани од ЕУ, со кои се промовира подобрувањето на односите меѓу етничките заедници и истражувања на младинското претприемништво.
Comments are closed.