СКСЗМ на Меѓународна конференција

  На 20 Септември 2013,претседателот на СКСЗМ г-дин.Мендерес Кучи беше присутен на Меѓународната Конференција во Струга,организирана од Институтот за меѓународни и политички студи.Тема на  меѓународната конференција која се одржа во Стуга беше „ЕВРОРЕГИОНИТЕ: Интеграција на општествата – Генерациски раст – Ресурси на грижата “.

  Претседателот на СКСЗМ кaжа дека “преку регионални усогласување и соработка, економијата ќе расте побрзо и наскоро ќе се надмине неформалната економија, особено во секторите на снабдувањето со енергија и прехранбени продукти. Креирање на Еврорегионот исто така има ефект ширум регионот. Бидејќи токму во енергија и снабдување со електрична енергија, проблематичните места како Босна, Албанија, Црна Гора ќе имаат корист многу, но дека од овие бенефиции не заостанува и Македонија.

  Во Македонија има поволни услови за користење на обновливи извори на енергија, како на пример преку: хидро енергија, геотермална енергија, соларна енергија, биомасата и ветерната енергија.

   “Ние сме мала земја, но со доволни потенцијални капацитети да обезбеди производи во регионалните пазари. Сепак пристапот до овие пазари е уште еднен суштински предизвик за локалните компании за производство, особено оние кои се насочени кон повеќе од локалниот пазар. 

  Оваа еднодневна конференција овозможи на едно место да се слушнат мислења и ставови на поголем број експерти со што академската заедница дава уште еден придонес кон достигнувањето на стратегиските цели на сите земји во регионот – членство во евроатлантските структури.

 

Comments are closed.