СКСЗМ на манифестацијата по повод 10-годишнината на Косовската Бизнис Алијанса
На 17.09.2012, Стопанската комора на Северо-западна Македонија учествуваше во манифестација на Косовската Бизнис Алијанса, која ја одбележа првата деценија од своето постоење. На овој настан присуствуваа претставници од локалните институции и оние од другите соседни земји.
“Денес, алијансата има повеќе од 10.500 членови, 7 одделенија предводени од експерти, 5 регионални канцеларии и канцеларија во Италија и Швајцарија. Нашата мисија за кратко време стана привлечна за институциите и фирмите, како и зголемување на меѓусебната поддршка “, рече Шахини, претседател на КБА.
По повод 10-годишнината од основањето на КБА, претседателот на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, г-дин Мендерес Кучи, му даде благодарница на претседателот на КБА, z. Агим Шахини за нивната соработка и придонесот во економскиот развој на Косово и регионот.
Comments are closed.