СКСЗМ на конференција на Универзитетот “Мајка Тереза”

 

13 Јуни 2018 – Извршниот директор на СКСЗМ, Дрилон Исени денеска присуствуваше на конференција на
Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје, на која присуствуваше г-дин. Азиз Положани, проф.
Оливер Шмит и проф. Георг Брасеур од Австриската академија на науките и Г-дин.Тримчев од
Стопанската комора на Македонија, како и голем број студенти и други членови. Во текот на
конференцијата беа презентирани поврзувањето на професионалните студии со стопанството и
претпријатијата ,б идејќи соработката помеѓу образовните институции и бизнис организации е
примарна за економски развој.
Ние како Стопанската комора на Северо-Западна Македонија направивме чекор напред со тоа
што создадовме CREATE Hub, кој ќе им даде можност на младите да ги истакнат своите идеи и да
бидат обучени од страна на професионални менаџери, да соработуваат со успешни компании од
нашата Комора и ќе им помогне на нивниот ентузијазам и успешната практика на нашите
компании-членки.
СКСЗМ во својата економска платформа вели дека владата треба да обезбеди средства за
промоција на иновации и претприемништво која ќе го промовира економскиот раст и, исто така,
ќе има влијание врз економскиот развој на земјата. Од друга страна, универзитетите треба да
соработуваат со компании и да формираат програма која ќе даде позитивни резултати во
создавањето на стручен кадар. Оваа стратегија, која се состои од практична програма, конкретни
иницијативи би можела да доведе до просперитетна Македонија