СКСЗМ на Економската Конференција Мontenegro 2016

27 Oктомври 2016 – Претседателот на Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија Неби Хоџа и Претседателот на Собранието Касам Зендели денеска и утре ќе бидат дел од Економската Конференција Мontenegro 2016 за развој на Западен Балкан, која се одржува во Будва. Оваа конференција е во организација на Стопанската комора на Црна Гора во соработка со Комитетот за Европски Односи за Источна Европа во Берлин.

На отворањето на конференцијата поздравни говори имаа претседателот на Стопанската комора на Црна Гора, Велимир Мијушковиќ, претставникот на Министерството за економија и енергетика на Германија Андреас Obersteller и претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ.

На првиот панел на конференцијата беа презентирани политичките реформи, како клучен фактор за иднината на балканските земји и нивниот економски развој и Берлинскиот процес, достигнувањата и очекувањата од него. На овој панел присуствуваше и Министерот за економски развој, туризам, трговија и претприемништво од Албанија Милва Економи која кажа дека политиката треба да се фокусира на економскиот развој и регионалната соработка, особено на слободната трговија помеѓу балканските земји.

Претседателите на стопанските комори од Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија дискутираа за економските перспективи на земјите од Западeн Балкан.

“Со оглед на економските случувања досега помеѓу овие земји, мислам дека дојде време за реструктуирање на соработката и истата да се одолгорочи со цел институционално подигање на истaта, бидејќи само политиката што го слуша гласот на бизнисот е добра политика. Слободната трговија со договорот ЦЕФТА само на хартија не е доволна. “- рече Неби Хоџа, претседател на СКСЗМ.

Во фокусот на оваа конференција во другите панели беа опфатени темите на соработката во секторите како што се енергетиката, инфраструктурата, образованието, индустријата на минерали, туризмот, земјоделството, преработувачката индустрија и трговија. Исто така, беа презентирани различните можности за странските инвестиции, претходното искуство и идните очекувања, и сето тоа од перспектива на креативната економија,  која што му е потребна на Балканот,  со истакнување на иновациите и Start up бизнис центрите.

photo-4photo-5

Comments are closed.