СКСЗМ: Мора да се најдат алтернативни начини за да се обезбеди спроведување на изборниот процес без запирање и оштетување на бизнис секторот

СКСЗМ реагираше во врска со последната одлука на Владата за прогласувањето на 24ти април и 8ми мај за неработни денови за приватниот сектор, оценувајќи ја како штетна за непреченото работење на бизнисите, особено на бизнисите кои припаѓаат на секторот на производство и трговија. риватните компании мора да имаат можност да работат според нивните потреби, додека одлуката за неработни денови без консултација со бизнис заедницата претставува пречка за нивно ефикасно работење.

Oваа одлука, однапред донесена на 14-та седница на Владата на 09.04.2024 година, се наведува дека Владата им препорачува на работодавачите од приватниот сектор на територијата на Република Северна Македонија да ги спроведат овие заклучоци, но на 15-та седница е донесена одлука дека изборните денови се неработни денови за сите граѓани на РСМ вклучувајќи го и приватниот сектор.

Затоа, СКСЗМ ја повикува владата да ја преиспитува оваа одлука и да најде алтернативи кои ќе ја поддржат бизнис заедницата, но истовремено остварувајќи го значењето на изборниот процес во Република Северна Македонија