СКСЗМ – меморандум за соработка со БКК

Соработката помеѓу соседните држави е основата за постигнување на нашата сила во регионалниот и европскиот пазар, бидејќи државите со мал пазар и многу отворена економија се чувствителни на било кој замав на големите пазари. Соработката ќе ни овозможи да се поддржуваме еден со друг, исто така да се соочиме со конкуренцијата.

Затоа, деловната сооработка меѓу Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и Бизнис  Комората на Косово е насочена кон промовирање на компаниите како и развојот на заеднички деловни активности. Ова ќе доведе до поголема соработка помеѓу бизнисите и надвор од границите, со што ќе се овозможи раст на пазарите на потенцијални компании.

Со овој договор за сооработка, двете страни потписнички на договорот за соработка ќе придонесат една кон друга во дефинирањето на процедурите и комуникацијата за утврдувањето на начините на соработка, размената на податоци и документација што ќе помогнат во заеднички промотивни организирања, организација на B2B средби, саеми, тркалезни маси, семинари, конференции, планирање и организирање на заеднички настани, размена на податоци за поддршка на бизнисот, унапредување на трговската соработка, олеснување на изработка на потребните документи за економска соработка при увоз и извоз на стоки и услуги, како и создавање на поволни услови за водење бизнис.

Овој меморандум ќе биде многу добар поттик за регионалните бизниси да развијат традиција на соработка меѓу себе, работа која ќе биде многу профитабилна за економијата на целата земја и пошироко, како и во успешната промоција на бизнисите на двете држави и промоција на компаниите членки.