СКСЗМ и ФИТР го претставија следниот повик за кофинансирање – Грантови за технолошки развој и забрзан раст.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, денеска организираа инфосесија, каде беа презентирани условите за аплицирање на отворениот јавен повик за инструмент за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.
Целта е преку овој инструмент да се поддржат микро, малите и средни компании кои преку примена на нови, иновативни, напредни технологии да постигнат забрзан економски раст, да бидат конкурентни на меѓународните пазари и да бидат отпорни на идни кризи.
Растот и развојот на локалните бизниси, кон понапредна конкурентност, продолжува да биде еден од приоритетите на СКСЗМ, па затоа ова е една од услугите што СКСЗМ ги обезбедува за своето членство преку информирање за какви било повици во нивен интерес.