СКСЗМ и МУСИАД ги разгледаа можностите за соработка
2 август 2016 – Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија Неби Хоџа оствари средба со претседателот на Здружението на независни индустријалци и бизнисмени МУСИАД Билал Кара, што пред неколку месеци отворија своја филијала и во Македонија.
МУСИАД е организација која има за цел да воспостави врска меѓу стопанствениците и пазарот, со оглед дека во Турција има многу бизнисмени досега немале можност да дојдат во допир со македонскиот пазар. МУСИАД има околу 15.000 членови низ целиот свет, а филијалата во Скопје го покрива Балканот.
За време на средбата се разговараше за актуелната состојба во земјата во врска со погодените од поплави и подготвеноста на бизнисите да им помогнат, како и формите за соработка и инвестирање во нашата земја.
Ова е прва реализирана средба, но наскоро се планира и потпишување на меморандум за соработка помеѓу СКСЗМ и МУСИАД.
Comments are closed.