„СКСЗМ и Коалицијата Влен ја потпишаа Платформата на СКСЗМ за економски развој на РСМ“

02.05.2024 година, Скопје – Во склоп на средбите со политичките партии, во просториите на СКСЗМ се одржа вториот состанок по ред, на кој Претседателот г-дин. Mendi Qyra заедно со раководството на Комората ги пречека претставниците од коалицијата Влен, г-дин. Билал Касами, г-дин. Изет Меџити, г-дин. Африм Гаши и г-ѓа. Бујаре Абази.

На средбата се разговараше за некои клучни проблеми со кои се соочува економијата на нашата земја, како и преземање мерки за подобрување на пречките кои ја спречуваат економската благосостојба на земјата.

Претседателот Qyra ја истакна важноста од стабилна и квалификувана работна сила за потребите на пазарот на труд, за која треба да се преземат мерки за спречување на миграцијата на младите. Со зголемувањето на минималната нето-плата во приватниот сектор на 30.000 денари, намалувањето на придонесите на 32% од нето платата, либерализацијата на работната сила во регионот, како и реформи во образовниот систем, особено дефицитарните професии, ќе се овозможи создавање на оптимални услови за работниците во државата и зголемување на животниот стандард на граѓаните на РСМ.

Коалицијата Влен потенцираше дека многу точки од Платформата на СКСЗМ се вклучени и во платформата на коалицијата, и дека ќе бидат соодветно имплементирани доколку ќе бидат дел од идната влада. Она што е важно за бизнис-секторот е тоа што коалицијата го интегрираше и го прифати  барањето на СКСЗМ за намалување на придонесите која ќе им помогне особено на граѓаните и на бизнисот.

Исто така, претставниците на Коалицијата презентираа дополнителни точки од својата Платформа, меѓу кои енергетскиот сектор, фискалната децентрализација на општините, зголемувањето на минималната плата, како и слободните економски зони, а членовите на СКСЗМ ставија посебен акцент и на Законот за легализација, спроведувањето на урбанистичките планови и функционирањето на институциите.

Меѓу другото, извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зеќири разговараше и за функционирањето на платформата за јавно-приватен дијалог, при што истакна дека оваа платформа не треба да се прекинува бидејќи е адекватна можност во која Стопанските комори можат да ги достават своите директни барања до Владата, како и да ја покажат својата стручност како да се управува за економски раст и развој на земјата. Тој го спомена и случајот со поплавите во Сингилиќ, каде од овој природен феномен настрадаа многу бизниси, а ветувањето на Владата за помош на оштетените бизниси се уште не е исполнето.

Коалицијата ВЛЕН ја потпиша платформата за економски развој на РСМ и рекоа дека доколку станат дел од идната Влада, ќе ги интегрираат барањата на СКСЗМ во владината програма и соодветно ќе се заложат за нивно спроведување во периодот 2024-2027 година.