СКСЗМ и Кариера.мк со нова платформа за развој на човечки ресурси
28 Декември 2016 – во просториите на СКСЗМ се потпиша Меморандум за соработка помеѓу СКСЗМ и сервисот за развој на човечки ресурси Кариера.мк.
Оваа соработка има за цел промовирање, развој и континуирана едукација од областа управување и развој со човечки ресурси, а во согласност со заедничките интереси и меѓусебната соработка на двата субјекти.
СКСЗМ и Кариера.мк заедно ќе соработуваат во интерес на развојот на процесите за обезбедување на работна сила за членките на Комората и промоција на светските стандарди во управувањето со човечките ресурси.
Во претстојниот период ќе се врши размена на искуства и најдобри практики за успешно спроведување на процесот за регрутирање и селекција на кадидати за вработување преку гостувања на претставници од Кариера.мк во едукативните настани кои ги спроведува Комората.
Со соработката, истотака се предвидува и организирање на заеднички специјални настани, обуки, саеми; Учество на вработени од компаниите-членки во Комрата на порталот Кариера.мк преку колумни, интервјуа и други информативни статии на теми поврзани со професијата човечки ресурси; ефикасно информирање за достапните пракси и стипендии кои се нудат од членовите на коморатаУчество во останати заеднички проекти, и тоа: истражувачки проекти, промотивни проекти, продукциски проекти, проекти за развој и професионализација на професијата човечки ресурси.
“Човечките ресурси се најважниот капитал на секоја фирма или организација, создавањето, управувањето и надградбата на човечките ресурси преставува сложен процес кој треба да следи повеќе фази на развој. СКСЗМ ќе настојува на своите членови да им овозможи што помодерни решенија за човечки ресурси, кои се воедно и тренд во западните земји, пред се за брза реакција кон организациските потреби за раст, потребите на пазарот, конкурентноста, иновациите и проширување на нивните бизниси” изјавува Фатмир Битиќи, извршен директор на СКСЗМ
„KARIERA.mk е веб сервис кој произлезе како синергија на тимови со 10 годишно искуство во областа на вработувањето и во областа на модерните ИТ решенија. KARIERA.mk нуди преглед на актуелните огласи за работа во Македонија, достапните пракси, стипендии и останати можности за неформално образование со што цели да стане централно место кое ќе помогне за унапредување низ кариерата. Различни не прави фактот што нашите содржини и огласи се споделуваат на веб страни кои имаат над 12 милиони прегледи месечно, на најголемите страни на социјалните мрежи, како и на таргетиран newsletter од преку 100.000 членови.„ – изјавуваат Норик Селими и Ѓорѓи Какашевски, основачи на сервисот.
Comments are closed.