СКСЗМ и амбасадорот на Тајван разговараа за можностите за инвестирање во Македонија
19 март 2018 – Претседателот на Стопанската комора на Северо-западна Македонија одржа средба со амбасадорот на Тајван, со застапеност во Италија, г.Javier Ching-shan HOU.
На овој состанок беа разгледани можностите за инвестирање во Р. Македонија.
Клучната точка за која се разговараше на овој состанок беше позитивната клима создадена од македонската Влада за прием на странски инвеститори.
Секторите во кои тие покажаа интерес беа ИТ секторот, машински сектор, како и транспортната индустрија, каде што претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа истакна дека можностите за инвестирање во овие сектори се многу големи.
Амбасадорот рече дека Македонија го гледаат како една држава со која тие можат да имаат добра соработка.
На крајот од состанокот, амбасадорот оцени дека во иднина постои голема можност за соработка и можности за инвестирање во различни сектори во Македонија.