СКСЗМ испраќа честитки до Американската амбасада во Скопје по повод Денот на Независноста на САД
“Ваша Екселенцијо,
Во име на Стопанската Комора на Северозападна Македонија и во мое лично име, со задоволство Ви испраќам најсрдечни честитки по повод Денот на Независноста на Вашата држава.
Исто така, би сакал преку Вас да ги испратам и до Неговата Екселенција, г. Барак Обама, Претседател на Соединетите американски држави, како и до Владата и народот на Соединетите американски држави, нашите желби за среќа и просперитет.
Користејќи ја оваа прилика, уште еднаш би сакал да ú се заблагодарам на Амабасадата на Соединетите американски држави во земјава за огромниот придонес за кохезијата и одличната соработка со Стопанската Комора на Северозападна Македонија, овозможувајќи им на локалните бизниси да водат ефективна и сè поважна улога во придонесувањето за подобар економски развој во земјава.
Убеден во постојаната и константна поддршка во постигнување на мисијата која ми се додели мене од страна на Стопанската Комора на Северозападна Македонија, ја уверувам Вашата држава дека се ставам себеси, како и Стопанската Комора на Северозападна Македонија на потполно располагање, заради реализација на усогласените цели од нашите заеднички напори – постигнување на економски развој и одржливост во нашата земја.
Ве молиме, Ваша Екселенцијо, примете ги нашите изрази на највисоко почитување.
Искрено,
Мендерес Кучи
Претседател
Стопанска Комора на Северозападна Македонија”
Comments are closed.