СКСЗМ – Инофесесија со РБСМ за Гарантната Шема
30.11.2021, Скопје – Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Развојната Банка на Северна Македонија, организираа инфосесија за членките на комората каде се презентираше за Гарантната шема преку РБСМ (индивидуални и портфолио гаранции).
Претставниците на РБСМ објаснеа дека со дополнувањето на Законот за Развојна банка на Северна Македонија, се формираше Гарантен фонд како посебна организациона единица, преку која се реализираат два производи: портфолио гаранции кон банки и штедилници, за поддршка на кредитирањето на микро, мали и средни трговци и индивидуални гаранции за големи трговци кои вршат извоз.
СКСЗМ е секогаш во функција на заштита на интересите на своите членки и во рамките на стратешките определби и планот за работа, организирана инфосесија за членовите на СКСЗМ со цел да ги информира со активностот на Развојната Банка на СМ.