СКСЗМ имаше средба со Амбасадата на Катар

  Делегацијата  на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија предводена од претседателот г-дин Мендерес Кучи, извршниот директор  Арбен Хаљиљи и член на Управниот Одборот  Нухи Аљиу,  денес на 29 Мај 2013 беа пречекани  од страна на Амбасадата на Катар и Неговата Екселенција Мохамед  Рашид Х. Субах – вршител на должноста Амбасадор.

Главните теми за кои се дискутираше на оваа средба беа: енергетиката, земјоделството, градежништвото и туризмот.

            Претседателот на СКСЗМ Мендерес Кучи ја претстави работата на Комората и ги претстави можностите за меѓусебна соработка помеѓу компаниите членки на СКСЗМ и компаниите од Катар за заеднички инвестиции.

            Енергетиката се разгледа како можност за конкретни инвестиции, особено во секторот на хидроцентралите и еулика (енергијата на ветерот)

            Делегацијата од Катар беше заинтересирана за градежната активност во Македонија. Исто така, изразија подготвеност за истражување на постоењето на нафта во Македонија. Посебен интерес беше посветен на земјоделството, а особено за реализирање конкретни инвестиции во земјоделството.

            Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија вети дека ќе дадат поддршка за да пристапат до најдобрите можни услови за потенцијалните инвеститори во овој сектор, со користење заеднички инвестиции и подготвеност меѓу компаниите од Катар и нашите членки.

            Исто така,  интересен сектор е и секторот на туризам, за кој што СКСЗМ ги претстави можностите за инвестирање.