Денес, во СКСЗМ се одржа состанок каде што беа присутни раководителот на Одделот за Индустриска Политика на Р. Косово, Игбале Реџа – Јашари и претставници. Од страната на СКСЗМ присутни беа г. Неби Хоџа и делегација на Комората. На овој состанок беше извршено запознавање на двете организации меѓу себе за различни производствени активности кои се вршат во Косово и Македонија и секако се отворија можности за понатамошна широка соработка.
Различните политички и економски движења имаат големо влијание врз индустриската политика. Од овој аспект, ваквата политика мора да има незамислива поддршка од страна на државните институции, како комунални, така и државни. Исто така беше дискутирано за зближување на бизнисите со можност за воспоставување на заеднички царински систем, при што ќе може да се ублажат деловните бариери, а особено за компаниите кои се занимаваат со индустриска производна активност.





