СКСЗМ го промовира претприемништвото кај младите

21 Март 2017 – Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија денес ја посетија делегација на средношколци и професори  од Белгија (координатор на проектот), Германија, Шпанија, Франција, Италија, Шведска, Унгарија и Македонија.

СКСЗМ како промотор на претприемништвото, иновативноста, конкурентноста, општествената одговорност на претпријатијата и на регионализација/ интернационализација на бизнисите, им дава предност на микро, малите и средните претпријатија (МСП) со посебен акцент на жените, младите и руралните средини од Северо-Западниот дел на Македонија.

Настанот денес беше во рамките на програмата на Европската Унија “Ерасмус Плус“ управуван од Европската Комисија фокусиран во образованието, обуки, млади и спорт.

Претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа рече дека создавањето на нови можности за образование и стекнување на знаења и вештини за младите, ќе остане приоритет на Комората, а програмата е одлична можност за придонес и развој на младите,  кој ќе резултира со конкуренција и поголем потенцијал како добра основа за развој на земјата.

За програмите за вработување на младите, субвенциите од страна на државата, различните обуки и претприемништво за млади, презентираа од  Агенцијата за вработување на Република Македонија, Младинскиот образовен форум и Kариера.мк, а за можностите за вработување и програмите за поддршка на младите од страна на компаниите презентираа Даути Комерц, Алма-М и Бентон Ни.

СКСЗМ продолжува да го промовира претприемништвото кај младите и да ги мотивира да започнат свој бизнис, затоа и го претстави проектот која ќе се реализира наскоро во врска со бизнис инкубаторот.

Претприемништвото е движечка сила на секоја економија промовирајќи одржлив раст и развој. Освен што се самовработени претприемачи, истовремено креираат и работни места, кои играат важна улога во економскиот и социјалниот живот.

Делегацијата на ученици ќе ја продолжи нивната посета кај компаниите-членки на Комората.