СКСЗМ го продолжува проектот Диаспора Инвест

14 Oктомври 2016 – Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија во соработка со Министерoт за Странски Инвестиции Арлинд Зеќири, Центарот за развој на Полошкиот плански регион, ГИЗ и УНДП ја продолжуваат иницијативата за привлекување на инвестиции од диаспората, под наслов “Дијаспора Инвест ” .
“Дијаспората освен што е голем финансиски, таа е професионален потенцијал. Преку дознаките, таа ја одржува во живот оваа економија, но ние не сакаме само да ја одржуваме жива, туку сакаме дијаспората да биде многу важен извор за поголем економски и социјален развој “- рече подпретседателот на СКСЗМ Нагиб Фејзи.
Улогата на дијаспората во одржливиот социо-економски развој на полошкиот регион е многу важна, затоа се неопходни добри политики на национално и локално ниво за зајакнување на врските со дијаспората.
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија како организација на постоечките бизниси ќе им помогне на идните инвеститори за олеснување и промовирање на овие инвестиции, преку информирање на дијаспората за можностите за инвестирање во земјата, со цел да се зголеми бројот на успешни инвестиции од дијаспората, инвестиции кои веќе се присутни во голем број во регионот. Оваа средба беше можност за воспоставување контакти со потенцијални инвеститори, односно со дијаспората за да го инвестираат својот капитал во нивните родни општини но и во другите општини во Македонија.
СКСЗМ во својата стратегија 2016-2019 постави за цел да им овозможи на нашите луѓе во дијаспората можност и подобри услови за инвестирање во земјата и силно веруваме дека ако заедно успееме да ја убедиме дијаспората да инвестира, нема да имаме потреба од директни странски инвестиции кои не даваат очекувани резултати.
“Инвестициите на диаспората во земјата не се исти како и другите странски инвестиции, бидејќи тоа се наши луѓе, кои што го знаат менталитетот и културата, кои сакаат да и помогнат на својата земја и кои заедно со капиталот ги пренесуваат и своите знаења и искуства кои ни се неопходни. рече подпретседателот на СКСЗМ Нагиб Фејзи.
СКСЗМ е во помош на секој бизнис и е нивниот глас пред надлежните и другите институции за да создаде можности за инвестирање во нашата земја. СКСЗМ постојано се ангажира кон подобрување на легислативата, создавање на поволни фискални политики, како и елиминирање на административните бариери обидувајќи се да создаде поповолна бизнис клима.
Проширувањето на бизнисот од дијаспората во нашата земја, освен свежиот капитал во економијата, е од многу голема важност и тоа што со себе го носи и современиот менаџмент и технолошкото искуство кое ќе му даде нов квалитет на бизнисот во земјата правејќи ја економијата на нашата земја конкурентна со другите економии во Европа.
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ќе им помогне на идните инвеститори преку обезбедување на информации во врска со економската ситуација, задоволување на потребите за работната сила, изработка на документацијата и бизнис планови, подобрување на синџирот на снабдување и помош при пробивање кон нови пазари, локални и меѓународни. Главната цел е да ги слушнеме потребите на дијаспората, што им е потребно за да одлучат да инвестираат во својата татковина. Препораките и заклучоците на дијаспората во иднина ќе послужат како основа за подготовка на идните активности на Комората.
СКСЗМ ќе се ангажира во создавање на ефективни партнерства помеѓу локалните бизниси и бизнисот од дијаспората кој го покажува потенцијалот за придонес во растот на македонската економија, вклучувајќи ги и локалните претприемачи, бизнисите од дијаспората и start-up бизнисите.

Comments are closed.