СКСЗМ го презентираше Дескот на Услуги за членството
Денес, во канцелариите на СКСЗМ, беше промовирана услугата Дескот на услуги за членството, која е дел од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем во Република Северна Македонија. На официјалниот промотивен настан на оваа услуга присуствуваа високи претставници на УСАИД во Северна Македонија, соработници, членки на СКСЗМ, кои ќе имаат можност да ги користат новите услуги што беа презентирани денес. Со ова, Комората докажува дека секогаш ги следи современите трендови во областа на услугите што ги нуди за компаните членки и потенцијалните членови, овозможувајќи им да ги имат сите потребни информации за време на нивната дневна активност преку оваа услуга за да имаaт полесен пристап.
Преку оваа услуга, СКСЗМ на своите членки ќе им ги нуди сите потребни информации за влез на нови странски пазари, пристап до финансии, прашања во однос на бизнис регулацијата како и законската легислатива.
Дескот на Услуги за членството ќе обезбеди поголема поддршка за стотици компании, вклучувајќи и рурални бизниси кои традиционално се запоставени од организации за поддршка на бизнисот. Преку овој деск, компаниите ќе имаат можност да најдат потенцијални партнери на странските пазари, закажување на состаноци, посети, саеми и добивање информации за постојните регулативи. Покрај тоа, дескот ќе дава и информации за можностите за финансирање, како што се државните шеми за субвенции, кредити и грантови, како и општи информации потребни за секојдневното работење на компаните.