СКСЗМ го организира Економскиот форум – средби со бизнисите од Албанија
16 Март 2016 – Денес се одржа Економски форум помеѓу Македонија и Албанија во организација на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, во соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија.
На форумот учествуваа околу 35 компании од Македонија и повеќе од 50 компании од Албанија, кои разменуваат искуства и контакти меѓу себе. Според самите бизниси, средбата меѓу бизнисите овозможи зголемување на можностите за инвестирање во Албанија и веќе неколку компании се подготвени да инвестираат ако условите за водење бизнис се добри во земјата.
На форумот воведен говор одржаа претседателот на Сојузот на стопански комори и индустрија на Албанија Инес Mучостепа, Амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија, Стојан Карајанов, Министерот за економски развој, туризам, трговија и претприемништво Милва Економи, Амбасадорот на Република Албанија во Македонија Фатос Река, Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија Неби Хоџа, Извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија, Митко Алексов и Претседателот на Комората за трговија и индустрија на Тирана, Николин Јака.
Претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа, истакна дека учеството на 20-те врвни бизниси од страна на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија се доказ дека го поддржуваме бизнисот во Албанија, со кои што ќе се дискутира за конкретна соработка со локалните компании. Тој рече дека тие се подготвени за соработка и со тоа да придонесат кон економскиот развој на двете земји.
Исто така, Претседателот Хоџа истакна дека СКСЗМ постојано лобира за подобрување на инфраструктурата, вклучувајќи ги и Руга е Арберит, Коридорот 8 и граничниот премин Ќафасан. Бизнисот не познава граници и пречки, но пречка за нас е политиката, така да денес ние сме тука да ја дадеме нашата порака кон олеснување на овие трговски бариери меѓу Македонија и Албанија, како и субвенционирање на македонските компании за користење на пристаништето на Драч со цел да се зголеми специфичната тежина на пристаништето во Драч во однос на тој во Солун.
За време на вчерашната средба, премиерот Еди Рама изрази подготвеност за поддршка на странските инвестиции, без оглед на областа во кпја ќе се инвестира. Тој спомена дека постои Закон за стратешки инвестиции и законот за туризам, што е многу поволен за инвеститорите од странство, истакнувајќи дека времето сега е полесно за инвестирање во споредба со минатото, затоа штп не постојат проблеми во постапките како порано.
На крај, претседателот Хоџа изрази благодарност до сите учесници, длабоко верувајќи дека овие средби ќе вродат со плод на успешна соработка која ќе продолжи и во иднина.
Подоцна, претставниците на бизнис заедницата на двете земји одржаа Б2Б средби со цел да се воспостават контакти и размена на искуства, да го промовираат развојот на трговијата и инвестициската размена. “Економската мисија” ќе продолжи и во Драч, каде ќе бидат пречекани од градоначалникот Ванѓуш Дако, Генералниот директор на пристаништето Драч Газменд Шалси, Претседателот на Комората за трговија и индустрија на Драч Андреа Џевара и Претседателот на Бизнис Албанија Луан Брегаси. Целта на овие средби е да се подобри соработката на пошироко ниво, како и создавање на можности за конкретна соработка меѓу стопанствениците од двете земји.
Comments are closed.