СКСЗМ- го одржа првиот состанок на Управниот Одбор

15.11.2022-Денеска во просториите на Хотел Меркур – Тетово, СКСЗМ ја одржа 1-та Конститутивна седница на Управниот и Надзорниот одбор.

На оваа средба се разговараше за оперативните прашања кои беа на дневен ред, почнувајќи од: регулативата за работа на членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор, визијата за работата на СКСЗМ за време на четиригодишниот мандат на претседателот г-дин Менди Ќира, како и резиме на многуте активности кои беа спроведени во изминатите години, извештајот за настанот ТОП100 и разни други точки.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија секогаш ги поддржува бизнисите, без разлика на нивната област на делување и постојано работи да стане водечка организација во застапување на интересите на бизнисите, како и создавање на средина погодна за развој.