СКСЗМ го насочува вниманието на јавноста кон економијата – Објавени се Топ 100™ најголемите компании во земјата
Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија ја заокружи 2023 година со организирање на својата традиционална манифестација – ТОП 100™ по тринаесетти пат по ред, прославувајќи ги заедно успехот на компаниите во земјата, како и нивниот придонес во економскиот раст и развој на земјата.
На овој настан присуствуваа еминентни личности од бизнисот и политиката, амбасади, институции како и комори од земјата и регионот.
Во својот говор, Претседателот на СКСЗМ г-дин Менди Ќура изрази благодарност за учеството на настанот ТОП 100™, кој открива што сме направиле оваа година. Денеска сме тука да ги одбележиме успесите на нашите стопанственици, чие секојдневие се претвори во придонес за државата, нејзините граѓани и институции, покрај проблемите на кои наидоа на тој пат.
ТОП 100™ оваа година ги објави Топ 5 најуспешни на СКСЗМ компании, каде ТОП 5 беше објавен Пуцко Петрол, следен од АТС Груп како четврти, трет беше Promeet Steel Holding, втор беше Даути Комерц. Првата компанија од ова издание на ТОП 100™ врз основа на параметри и финансиски успех, беше нпрогласена компанијата Бас Тути Фрути.
Меѓу другото, наградата за најуспешно партнерство ја доби компанијата Кнауф Радика, наградата за најбрз раст во последните три години на компанијата ТРИМ, наградата за успешен бизнис предводен од жена е доделена на Кенда Центар, предводена од Валдете Фета. Наградата за најголема Нето Добивка во последните 5 изданија на ТОП 100 ја доби и компанијата ЗСФ-КОМ, наградата за врвен извозник ја доби Вардар Доломит, наградата за филантропија ова издание ја доби Малиќи и награда за особен придонес на пазарот на трудот, доделен е на компанијата Мотиви.
За разлика од другите години, оваа година им беше доделена благодарност на Лански, Гангзер, Зеќири + Партнер, за поддршката и солидарноста во бизнис секторот во време на криза.
Компаниите ТОП 100™ во текот на 2022 година остварија обрт од 1,3 милијарди евра, нето добивка над 100 милиони евра, додека бројот на вработени достигна над 9400. Тие исто така реализираа инвестиции во вредност од 64,6 милиони евра и извоз од 186,6 милиони евра.
Настанот ТОП 100™ одбележува момент на благодарност и награда за најдобрите компании, нагласувајќи ги нивните извонредни достигнувања и нивната важност во промовирањето на конкуренцијата, но и во создавањето подобар животен стандард за граѓаните на нашата земја.
СКСЗМ со гордост ги презентираше своите проекти и активности за 2023 година, кои се дел од сеопфатната работа за создавање подобра клима за водење бизнис, како единствен предуслов кој обезбедува развој на секоја сфера во државата, вклучително и тука и социјалната, културната, здравствената и едукативни.
Дополнително, СКСЗМ го дистрибуираше каталогот ТОП 100™ на сите присутни, во кој е евидентиран секој успех на компаниите што го претставуваат СКСЗМ во земјата.