СКСЗМ ги промовира регионалните соработки
Скопје, 21.12.2021
Во рамките на редовните состаноци, СКСЗМ заедно со нејзините партнер институции присуствуваше на состанокот на Управниот одбор во просториите на Стопанската комора на Косово, во Приштина. Оваа средба беше организирана во духот на економските потенцијални соработки во сите албански средини.
На оваа средба се разговараше за целите и активностите што Комората ќе ги преземе со цел да го зголеми влијанието на компаниите членки во регионот и да постигне комплементарна и конкурентна економија на регионалниот и глобалниот пазар.
Остварена е средба и со министерот за земјоделство на Косово, каде акцентот беше ставен врз решавањето на проблемите со кои се соочуваат претпријатијата при трговската размена како и за инвестицискиот потенцијал во регионот.