СКСЗМ ги прогласи 100-те најдобри компании во Македонија

15 Декември 2016  – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија денес ги објави најдобрите албански компании во Македонија. Овој проект се реализира по шести пат и се прави избор на најмоќните компании во изминатата година кои имаат постигнато одредени перформанси и продолжуваат со постигнување на позитивни резултати, благодарение на успешното управување на нивните претпријатија. Во Топ 100 се избираат најуспешните албански компании во Македонија врз основа на три главни категории, како што се: вкупниот годишен приход, нето-добивката и бројот на вработени.

Фатмир Битиќи, Извршниот Директор на СКСЗМ го претстави годишниот обрт на компаниите во претходните четири години, истакнувајќи дека постои пораст од 28,47%, а во однос на нето добивката, иако таа е зголемена за 20.49% од 2012 година, како најуспешна година може да се смета 2013-та година со добивка од околу 41,8 милиони евра. Со вкупен број од 5,077 вработени во компании кои се дел од каталогот Топ 100 до крајот на 2015 година е забележан пораст од 27,24% во изминатите четири години.

“Трендот на ориентација на бизнисмените кон трговијата и градежништвото продолжува. Имајќи го предвид ова, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ги поддржува производствените компании и постојано се обидува да најде алтернативни можности за поттикнување на производството, создавање на нови работни места и економски развој како предуслов за надминување на проблемите со кои се соочува општеството а особено претријатијата. “- изјави Неби Хоџа, Претседател на СКСЗМ.

Нептун компанијата ја доби првата награда за достигнувањата во текот на минатата година и беше прогласена како најуспешна компанија за 2015 година.

Како втора најуспешна компанија беше прогласена Даути Комерц а на третото место е компанијата БАС Тути Фрути.

Kipper компанијата оваа година е рангирана како четврта најуспешна компанија во Македонија, а петтото место и припадна на  Пофикс компанијата од Тетово. Други компании рангирани во ТОП 10-те најдобри компании исто така беа и Трим&Лум од Струга на шесттото место, Алма М на седмото место, Инсталација од Кичево на осмото место, Принц Ентерпрајс на деветто место и Универзал Комерц на десеттото место.

На настанот присуствуваa и претседателите на стопанските комори во Македонија, градоначалници, Министерот за Финансии Кирил Миновски и Министерот за Економија, Дритон Кучи.

СКСЗМ цели кон понатамошно промовирање на овие компании во домашниот и меѓународниот пазар, како потенцијални компании за инвестиции, нови врски во областа на внатрешната, регионалната и меѓународната трговија, компании кои создаваат нови работни места, компании со корпоративна одговорност, компании кои имаат влијание врз економскиот и социјалниот развој на земјата.

Генерален спонзор на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и на манифестацијата ТОП 100 е Еуросиг, партнер Банка е ПроКредит Банка, Премиум спонзори се – компанијата за производство на вода Маја и бронзени спонзори – ЕВН, Халк Банка и Стопанска Банка.

photo-4

photo-8

photo-12

Comments are closed.