СКСЗМ ги пречека претставниците на МНР
На средбата присуствуваше Претседателот на СКСЗМ, Мендерес Кучи, Извршниот Директор Агрон Aпслани и претставниците од Министерството за надворешни работи.
Во дипломатската мисија во Амбасадата на Република Македонија во Унгарија оди Илјаз Фета, Семра Рамадани во Рим, Драган Тодоровски во Амбасадата на Република Македонија во Осло, Илчо Талески во Каиро и Борис Мирчевски во Амбасадата на Република Македонија во Будимпешта.
Овие средби, таканаречени подготвителни имаат за цел да ги информираат релевантните институции во државата за добивање на дипломатската мисија од Министерството за надворешни работи.
Дипломатските претставници се обврзани со Закон да ја претставуваат Република Македонија во земјата домаќин, да ги заштитат интересите на државата на Република Македонија, да промовираат развој на политиката, економијата, културата, образовнието, науката, технологијата, информациите, дипломатско-конзуларните односи и други области меѓу Република Македонија и државата на приемот, во пријателски дух на соработка, да обезбедат информации на Министерството за надворешни работи на економски, социјален план и да соработуваат со делегациите на Република Македонија во преговорите кои се одвиваат во земјата домаќин и да учествуваат во разговорите со владата на земјата-домаќин во рамките на подготовките за потпишување на меѓународни договори, како и активности на меѓународните конференции. На дипломатска мисија, исто така, тие вршат и други работи или активности за кои се овластени од страна на Министерството за надворешни работи, во согласност со Законот и нормативните акти.
Дипломатските претставници ветија дека ќе дадат максимален придонес за претставување на Македонија во најдобра слика и изразија подготовка за да се факторизираат во воспоставување и развој на подобри односи меѓу Република Македонија и соодветните држави, во духот на плодна соработка во сите сфери.
Comments are closed.