Сксзм ги посети своите членки на саемот за мебел
23 Март 2016 – Преставници на Стопанската Комора на Северо- Западна Македонија заедно со претседателот Неби Хоџа денеска ги посетија компаниите членки на СКСЗМ на Скопскиот саем.
Ова е најголемиот саем на мебел досега што ќе се одржи во 11 саемски хали, каде ќе бидат изложени 10 000 парчиња мебел. Оваа манифестација е можност да се види моменталниот светски тренд на мебел и дизајн, и она што е актуелно и модерно на европскиот пазар.
Компаниите ги изложија своите производи за заинтересираните клиенти и бизниси, кои покрај мебел за домот го трасираат трендот за модерни кујни и бањи, полици и дрвени играчки за градини, врати и прозорци…
Учеството на саемот е одлична можност за поединечните компании и за сите во индустријата на мебел во Македонија, да го зголемот својот удел на пазар и зголемување на продажбата.
Саем на мебел 2016 нуди одлична можност за компаниите да воспоставуваат деловни контакти со дистрибутери, брокери, продавачи на мало, специјализирани продавници, синџири и други купувачи.
За време на посетата на саемот, СКСЗМ ги посети компаниите Еlitte Sofa, Molika, Inter Mobel, Inter Fantasy, Inter Mondi, Feder Bau, Hellga Mebel, Metaleks, Mebel Lacka и други.
Comments are closed.