СКСЗМ ги поддржува новите start-up компании
27 Февруари 2017 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој денеска организираше презентација за четвртиот повик за инстументите за кофинансирање на грантови за новите компании start-up i spin-off и грантови за кофинансирање и заеми за комерцијализација на иновациите.
Фондот за иновации и технолошки развој ги повикува заинтересираните компании да аплицираат за грантови во вредност до 30 илјади евра. Покрај овој повик, се предвидува и поддршка за десет микро, мали и средни компании кои сакаат да постигнат комерцијализација и иновација.
СКСЗМ во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој ги поддржува иновативните активности и промоцијата на бизнисот, со промовирање на успешни примери на претприемачи кои напорно работеа изминатите години за да ги реализираат своите идеи и се надеваме дека истите ќе служат како позитивен пример за другите компании и младите кои имаат намера да започнат нов бизнис.