СКСЗМ во чекор со меѓународните стандарди

Делегација од СКСЗМ предводена од претседателот на комората г-дин Неби Хоџа, учествуваа на Меѓународниот саем за халал индустрија кој се одржа во Сараево, каде што говор имааа истакнати личности како г-дин Амер Буквиќ од Босна Банка Интернешнал, муфтијата на Босна, Д-р Хусеин еф. Кавазовиќ, Адем Зољ, премиер на Кантонот на Босна, Иширал Куралај, потпретседател на ИТО Турција, д-р. Муџахид Јусуф Рава, министер во кабинетот на премиерот на Малезија, како и г-дин. Д-р Денис Звиздиќ, претседател на Министерскиот совет на Босна.

Истите одблиску ги посетија и компаниите членки на СКСЗМ кои беа дел од промотивните компании и одблиску беа запознаени со нивните производи кои се нудат на пазарот и кои се произведени според сите меѓународни норми за халал стандард. Учесници на овој саем, кој годинава е одбележан од голем број посетители, се исто така и компаниите членки на СКСЗМ, Ука Комерц и Маја вода. Овие компании поседуваат производи со халал стандарди кои ги задоволуваат потребните квалитети за да се натпреваруваат со глобално признати халал производи. СКСЗМ секогаш ќе им помага на компаниите да бидат промовирани на различни саеми, овозможувајќи им да бидат презентирани на достоинствен начин.

Со учеството во вакви меѓународни саеми, компаниите членки ја имаат можноста да ги  промовираат производите и услугите кои тие ги нудат на пазарот со цел остварување на соработка и воспоставување на деловни односи со компании и лица кои се заинтересирани за економска соработка. Ваквото учество на компаниите, исто така, претставува важен показател дека компаниите членки на СКСЗМ очигледно нивната активност ја вршат во согласност со сите меѓународни стандарди на пазарот.