СКСЗМ во средба со Стопанската Комора на Дубаи
Во склоп на активностите и средбите што се одржуваат во рамките на посетата на Дубаи-Експо 2020 година, раководството на СКСЗМ на чело со претседателот г. Неби Хоџа и извршниот директор г. Дрилон Исени ја посетиja и Стопанската комора на Дубаи.
Тие беа пречекани од претседателството на Комората на Дубаи, а за време на оваа посета се разговараше за теми од високо значење во однос на економијата, трговијата меѓу земјите и можноста за инвестирање во РСМ, каде што СКСЗМ разговараше и за своите програми за помош на странските компании кон нивно прилагодување во нашиот пазар.
Меѓу друго, се разговараше за потенцијалот на локалните компании, а особено за членството на СКСЗМ за извоз во ОАЕ и поставување взаемна соработка со што ќе се задоволат барањата на тамошните бизниси со производи и услуги на компании членки на СКСЗМ.
Промоцијата и меѓусебната соработка на бизнис-членките беше и продолжува да биде еден од приоритетите на работата на СКСЗМ, чија цел е раст и развој на локалните бизниси, која цели понапредна конкурентност.