Промена за одржливост – Тема на обуката што беше организирана во рамки на проектот „Партнерства за донирање“

СКСЗМ е партнер во проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, чиј фокус е да ја истакне дарежливоста и намерата на домашните компании да и помогнат на заедницата преку нивниот буџет за филантропски активности и општествена одговорност.

Во рамките на проектот беше организирана обука за граѓански организации на тема „Промени за одржливост“, каде беа присутни извршниот директор на СКСЗМ г. Дриљон Исени и директорката на UNIQA Life г. Александра Шкемби Антовска.

Пред учесниците г. Александра ја претстави општествената одговорност на групацијата UNIQA Македонија и проектите што ги поддржуваат, а од друга страна г. Исени го презентираше Кодексот на добри деловни практики чија цел е да придонесе во воспоставувањето и развојот на вредности и добри практики, функционирањето на деловните субјекти – членки на СКСЗМ и следствено зголемување на нивните организациски капацитети.