СКСЗМ во посета на нејзините партнерски комори во Косово
На 1 февруари 2023 година, претседателот Менди Ќура, заедно со претседателот на Селабанскиот Економски Форум г. Нагиб Фејзи и други претставници на одборот и извршната канцеларија на СКСЗМ, го посети Косово и партнерските комори.
Состаноците започнаa во Косовската трговско-индустриска комора, каде што беа пречекани од претседателот, г. Скендер Красниќи и други претставници на одборот. На оваа средба се разговараше за многуте заеднички предизвици со кои се соочуваат бизнисите на РСМ и РК во нивното секојдневие, како и за тоа како коморите со меѓусебна соработка можат да влијаат на елиминирање на истите.
Врз основа на ова, делегацијата на СКСЗМ продолжи со одржување на втората средба на агендата со Косовската бизнис алеанса, каде што беа пречекани од нејзиниот претседател, г. Агим Шахини и други претставници на раководното тело на КБА.
Претседателот Ќура на оваа средба истакна дека потенцијалот за комерцијална размена меѓу двете земји е далеку од целосно реализирана и дека треба да се работи во насока на максимизирање на истата преку отстранување на бариерите кои спречуваат максимална економска соработка меѓу двете земји.
Потоа следеше средбата со Клубот на косовските производители, каде што СКСЗМ и претседателот Ќура беа пречекани од претседателот Берат Мустафа.
Посебен акцент беше ставен на меѓусебната соработка меѓу двете земји како и решавањето на проблемите со работната сила, либерализацијата на пазарот на трудот, но и борбата против масовното бегство на младите од споменатите земји.
СКСЗМ продолжува да го одржува партнерството со релевантните албански институции во регионот, потврдувајќи го својот пристап за паралелен развој на нашите општества како предуслов за евроинтеграциите.