СКСЗМ: Бизнис заедницата не е доволно вклучена во процесот на креирање политики
11 Ноември 2016 – СКСЗМ на денешната прес-конференција излезе со својот став вo oднoс на прогрес-извештаjoт за напредокот на Македонијa за членство во Европската унија во процесот на проширување.
Овој извештај како никогаш досега ги отсликува ставовите на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, која конзистентно алармира за случувањата кои не се во полза на бизнис заедницата односно економскиот развој во земјата. Меѓу главните стратешки определби на СКСЗМ се владеење на правото и неселективната примена на законодавството како предуслов за правна држава, подобрен пристап до финансиите, промовирање на претприемништвото, иновациите и конкурентноста.
Ставот на СКСЗМ за директното влијание на политичката криза во економскиот развој на земјава, експлицитно се подвлекува и во овој извештај и тоа дека започнатиот раст на економијата во изминатите години а особено во 2015 е намален во 2016 како резултат на гореспоменатото.
„Развојот на бизнисот страда од слабо и нерамномерно спроведување на законите. Покрај тоа се подвлекува уште еден аспект и тоа е: нетранспарентното толкување на бизнис регулативите, особено од страна на локалните власти, нееднаквата примена на правилата и договорите, корупцијата, како и големата неформална економија кои го попречуваат развојот на приватниот сектор. Аспекти, кои укажуваат дека правната држава не функционира врз база на начелата на законитост односно уставност. При донесување на правната регулатива не се вклучуваат главните чинители, јавните сослушувања во Собранието на РМ се само формалност – што се совпаѓа со нашето укажување дека бизнис заедницата не е доволно вклучена во процесот на креирање политики”. – рече Фатмир Битиќи, Извршен Директор на СКСЗМ.
СКСЗМ смета дека добивањето лиценци и дозволи за работа е полесно за странските инвеститори отколку за домашните компании, и не е прифатливо домашните фирми да бидат “институционално дискриминирарни”.
Трговскиот дефицит е покриен од страна на историски робустен прилив на приватните трансфери, а буџетските приходи се преценети во просек за 6% во последните пет години.
Во периодот помеѓу 2009 и 2015 година, 62% од вкупните расходи биле посветени на социјални трансфери, особено пензиите. За споредба во истиот период делот на капиталните расходи е реализиран на ниво од 84%, за разлика од социјаните трансфери кои се реализираат целосно или некогаш ни требаат додатни средства од ребалансот на буџетот. Овде се предлага потребата за воведување на фискални правила со цел да се подобри управувањето со јавните финансии, воведување на средно-временска буџетска рамка за да се подобри фискална дисциплина и транспарентност.
Забрзаното зголемување на јавниот долг, со 23.5 процентни проени на 46,5% од БДП во периодот помеѓу 2008 и 2015 година е загрижувачко, како и тешкотиите во пристап до финансии за малите и средните претпријатија кој што е сеуште проблем. Тука од СКСЗМ се предлагаат законски измени за развој на мерки кои ќе го подорбрат пристапот до финансии за МСП, донесување на стратегија за промовирање на женското претприемништвото, стратегија за МСП и стратегија за туризам.
СКСЗМ во досегашните излагања ги има насочено истите примедби кон Владата кои се потврдуваат во сите извештаи на меѓународните организации и сметаат дека е крајно време да се зголеми свеста на Власта и граѓаните и дека само ако си ја кажеме вистината за реалните проблеми ние ќе можеме да се приклучиме во клубот на Унијата во која стремиме. Сите забелешки треба сериозно да се земат во предвид и за истите брзо да се реагира, затоа што секоја друга опција ќе не отргне од долго посакуваната цел, т.е Интеграција во ЕУ. – рече Фатмир Битиќи, Извршен Директор на СКСЗМ.
Comments are closed.