Се реализира II-от состанок на Управниот Одбор на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија

На 28 мај 2024 година, во Скопје, се одржа II-от состанок на Управниот Одбор во Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија под раководство на претседателот на Комората, г. Mendi Qyra.

Ова беше вториот состанок за оваа година каде беа опфатени неколку клучни прашања за понатамошниот развој на работата на СКСЗМ. Пред новата влада, Комората презентираше детална економска платформа со конкретни предлози за подобрување на деловната клима и стимулирање на економскиот раст. Имплементацијата на оваа платформа ќе биде од суштинско значење за да се обезбеди поповолна средина за иновации и одржлив развој.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија останува одлучна да игра клучна улога во економскиот развој на земјата. Ние продолжуваме да ги напредуваме, штитиме и промовираме локалните и меѓународните бизниси, со цел да создадеме погодна средина за иновации и економски раст.

СКСЗМ е посветена на обезбедување одржлива поддршка на претпријатијата, зајакнувајќи ја  соработката меѓу нив