Се промовираше Проектот ˝Странски експерти за домашни компании˝

Главната цел на овој проект е да се подобри бизнис климата, да се зајакне конкурентноста на локалните компании, да се подобрат организациските процеси, производството, аналитичките процеси, да се зголемува вработувањето и да се потикне економскиот раст.

Со овој проект се цели да се подобри процесот на производство и маркетиншкиот план, преку долгорочно и стратешко планирање.
За овој проект, Владата на Република Македонија упати јавен повик до сите компании да се пријават, во рамки на критериумите поставени за учество, како што следи: Да постојат најмалку 2 години на пазарот, доставувајќи го билансот на успех за последните две години, да имаат 5 до 250 вработени, со Декларација за прием на Месечна Пресметка на интегрирана наплата, и да имаат најмалку 51%  учество на домашнен капитал.

Компаниите кои ги исполнуваат овие услови, главно од индустрискиот сектор и кои ги исполнуваат критериумите можат да се пријават на овој повик, за да се здобијат со странски експерт кој со неговата експертиза, ќе помогне да се подобрат перформансите на компанијата во целина.

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија беше присутна на промоцијата на овој проект, заедно со дел од нејзиното членство, со цел подоброи подетално да се разберат деталите и процедурите кои ги налага проектот.
Заменик Претседателот на СКСЗМ, г-дин.Нагип Фејзи во неговото обраќање, ја истакна улогата и важноста на овие проекти за бизнисот и општо за деловното работење.

Comments are closed.