Се продлабочува соработката помеѓу СКСЗМ и УМТ.

Денеска, во просториите на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, Претседателот, г-дин Менди Ќура, заедно со други претставници на СКСЗМ, го пречека на средба ректорот на УМТ, г-дин Изет Зеќири, каде што се разговараше за важноста на двете институции во создавањето на подобра социо-економска и академска перспектива за граѓаните и бизнисите воопшто.

Оваа средба дополнително ја продлабочи соработката помеѓу СКСЗМ и УМТ, чија цел е производство на квалитетен кадар, како и образовен и економски напредок. СКСЗМ има силна посветеност кон создавање на можност за обука, развој и унапредување на младите луѓе во нашата земја.

Соработката на СКСЗМ со образовните институции е важен чекор, каде што главната цел е да се избегне јазот помеѓу побарувачката и понудата на пазарот на трудот, како и да се одговори на предизвиците поврзани со компатибилноста на работната рамка со барањата на пазарот на трудот.