Се потпишува Меморандум за соработка: “СКСЗМ и Шпаркасе Банка ги олеснуваат инвестициите во енергетска ефикасност за членките на СКСЗМ“
03.04.2024 година, Скопје – Извршниот директор на СКСЗМ, г-дин. Дурим Зекири и претседателот на управниот одбор на Шпаркасе Банка г-дин. Санел Кустурица потпишаа Меморандум за соработка преку кој ја продлабочија соработката во насока на зајакнување на енергетската ефикасност.
Целта на овој меморандум е да се овозможува полесен пристап на компаниите членки на Комората до услугите на Шпаркасе Банка за финансирање на проекти за енергетска ефикасност.
Овој Меморандум има за цел да ја продлабочи врската помеѓу приватниот сектор и финансиските институции, создавајќи поповолен амбиент за инвестиции во иновации и одржлив економски развој. СКСЗМ ќе послужи како мост за своите членки кои ќе имаат можност да ги користат кредитите што ги нуди Шпаркасе Банка со поволна каматна стапка, фокусирани на енергетската ефикасност, во согласност со критериумите и процесите на Банката.
Преку оваа соработка, СКСЗМ и Шпаркасе Банка ќе им помагаат на микро, малите и средните претпријатија, обезбедувајќи поддршка во процесот на аплицирање за финансирање.
Оваа иницијатива е дел од грант проектот на СКСЗМ „Зелени бизнис лидери“ ©, кој се спроведува во соработка со Менаџмент Консалтинг Асоцијација – МКА 2000 како дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансирана од УСАИД и имплементирана од Консалтинг за Стратешки Развој.