Се постави камен-темелникот на фабриката Aлуформ Брути

31 март 2018 – Денес, претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа, учествуваше во поставувањето на камен темелите на новата фабрика Алуформ Брути. Ова е инвестиција од околу 7 милиони евра за фабрика за производство на алуминиумски сендвич панели.

Се очекува за помалку од една година да се вработат околу 70 работници. Оваа инвестиција е направена во партнерство со Pekintash Group од Турција и е најголемата инвестиција од ваков вид во регионот.

На церемонијата на поставување на камен темелникот,учествуваа и премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, други членови на Комората и бизнис претставници.