Се оствари средба со претставници на Амбасадата на САД во Скопје

Присутни на состанокот беа претседателот на СКСЗМ, г-дин.Мендерес Кучи, заменик претседателот на СКСЗМ, г-дин.Назми Ејупи, г-дин.Касам Зендели, член на Управниот Одбор,  г-ѓа.Вероника Скарборо, заменик-шеф на Канцеларијата за политички и економски прашања, г-дин.Рајен Стонер, Шеф на политичкиот и економски сектор и г-дин.Арбен Гега, Комерцијални експерт, при Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.

Темата на денешната средба беше да се разгледа идната соработка или пак продолжување на досегашната соработка меѓу Стопанската комора на Северозападна Македонија и Амбасадата на САД во Скопје. На состанокот беше дискутирано и за можниот прилив на американски инвестиции во земјата, особено во слободните економски зони во Македонија, со посебен осврт на слободната економска зона во Тетово.

Двете страни беа задоволни од нивото на разговор и нагласија дека во иднина ваквите плодни средби треба да бидат почести.

Comments are closed.