Се одржа четвртиот состанок на Управниот и Надзорниот Одбор
Состанокот го отвори Претседателот на Стопанската Комора на Северозападна Македонија, г-дин.Мендерес Кучи, кој го презантирање дневниот ред, и го ставаше на гласање. Со усвојувањето на дневниот ред, започна и дискусијата според точките на дневниот ред.
Како прва точка на дневниот ред, беше ставена средбата со Премиерот на Државата, средба која се реализира на крај на секоја година, со цел да се презентираат предизвиците, проблемите и достигнувањата на бизнисите кои ги претставува СКСЗМ, преку телата и органите на СКСЗМ, врз основа на постојниот Статут. Ова средба се очекува да се одржи веднаш по новогодишните празници, а членовите на Управниот и Надзорниот одбор ги дискутираа прашањата кои ќе се адресират на ова средба.
Втората точка бепе поврзана со кадровските измени внатре во СКСЗМ а во рамки на ова точка, членовите на Управниот и Надзорниот Одбор беа информирани за оставката на извршниот директор на СКСЗМ од ова позиција. Последователно на веб страната на СКСЗМ стои и оглас за пополнување на ова позивија во иднина, со што и се формираше комисија која ќе ги разгледува апликациите примени по овој основ.
Во третата точка на дневениот ред беше дискутиран датумот на одржување на седмото Собрание на СКСЗМ, бидејќи според Статутот во првиот квартал на идната година е предвидено да се одржи Собранието на СКСЗМ, каде што треба да се гласа за нов Претседател, нови членови на Управниот и Надзорниот Одбор, како и ќе се продискутира можноста за отварање еден инфо центар во рамки на Комората. Исто така се дискутираа и некои статутарни измени што според членовите на одборите е можеби редно веќе да се направат. а во тие рамки беа дадени предлози за промена на називот на Комората, риорганизација на групациите кои функсионираат во рамки на СКСЗМ и слично.
Четвртата точка беше отворена за сите членови на Одборите да дадат идеи и предлози кои ќе се разгледуваат во идните состаноци и во идното Собрание.
Comments are closed.