Се одржа Форумот за филантропија 2024

22.05.2024, Скопје – Денеска се одржа Форумот за филантропија 2024, настан на кој се собираа филантропските лидери, бизнис секторот, институциите, ГО и медиумите, како и сите оние кои имаат влијание на филантропија, да ја стават во функција  за одржлив развој.

Покрај компаниите членки, беше присутен и извршниот директор на СКСЗМ, г-дин. Дурим Зеќири, кој во соопштението за медиумите му честиташе на Конект за настанот и им честиташе им се заблагодари на компаниите членки на СКСЗМ за нивните филантропски практики и оние на корпоративна општествена одговорност.

Исто така тој ги покани и компаниите да се приклучат и да учествуваат во оваа иницијатива, со цел да се создаде вистински систем за тоа како компаниите треба да пристапат кон филантропијата.

Исто така, г-дин. Зеќири ја истакна важноста да се работи на промена на правниот систем во однос на законот за донации и спонзорства во јавните дејности, преку кој се овозможуваат даночни олеснувања, кои ќе послужат како поттик за приватниот сектор да донира уште повеќе.

Говорниците од регионот и од други земји ги споделија најдобрите практики и вредности на филантропијата и ја истакна потребата од соработка и иновации во справувањето со социо-економските предизвици. Дискусиите се фокусираа на зајакнување на заедницата и подобрување на културата на филантропија на национално ниво.

Дел од панелот за дискусија на тема „Бизнисот е движечка сила на одржливиот развој“  беше и г-дин. Абдулезел Догани, извршен директор на Везе Шари и воедно компанија членка на СКСЗМ, извонредна компанија со добри филантропски практики како и на КОО.

Форумот за Филантропија 2024 испрати јасна порака до сите филантропи, социјалните претприемачи, корпоративните лидери, креаторите на политики, граѓански организации и медиуми  да ги здружат силите, да креираат повеќе можности, партнерства и нови модели на засилена соработка што поттикнуваат раст на патот кон одржлив развој.

Во крај, беше претставена новата платформа за донации „Оп-Оп“, која нуди можности за донации со големо влијание на проекти важни за иднината на земјата“.

Овој настан е дел од проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ спроведуван од Конект во партнерство со Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Европскиот Центар за непрофитно право (ECNL),  Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија.