Се одржа третиот состанок на Управниот и Надзорниот одбор
Присутни на состанокот на Управниот и Надзорниот Одбор беа Претседателот на СКСЗМ, г-дин.Мендерес Кучи, потпретседателите Назми Ејупи и Нагип Фејзи, членовите на Управниот Одбор, Нухи Алиу, Касам Зендели, Арбен Абурамани, Елита Маша, Неби Хоџа, додека од Надзорниот одбор присутни беа Филор Мерсими, Реџаил Мустафи, Џемаил Рамадани и Џемаил Даути во својство на Претседател на Собранието на СКСЗМ.
Точките на дневниот ред беа поставени како што следува:
1. Разгледување и утврдување на датум на одржување на Изборното Собрание;
2. Друго;
Во рамките на првата точка се дискутираше за датумот на одржување на Собранието, списокот на делегати, односно вклучување на целото членство почитувајќи ги начелата со кои СКСЗМ работи и делува, односно географска застапеност, дејноста на членките и нивниот придонес за Комората.
Собранието на СКСЗМ се очекува да се одржи наскоро, бидејќи мандатот на Претседателот и членовите на Управниот и Надзорниот Одбор е истечен, во рамки на четиригодишниот период предвиден со Статутот на СКСЗМ.
Во рамките на втората точка се дискутираше за критериумите кои треба да ги содржи јавниот оглас кој ќе биде објавен наскоро, за пополнување на позицијата на Претседателот на СКСЗМ, проценката на апликациите примени и временскиот лимит предвиден за завршување на овој процес.
Од страна на постоечкиот Управен и Надзорен Одбор беше донесена одлука да се формира Комсисија која ќе ги оцени пристигнатите апликации, кои подоцна ќе и бидат претставени на Одборот и Собранието пошироко, дека изборот е во согласност со демократските, правните и законски норми.
Како резултат на овој изборен процес, се очекува состаноците на Управниот и Надзорниот Одбор да бидат почести во наредниот период.
Comments are closed.