Се одржа средба помеѓу претседателот на СКСЗМ, г-дин Qyra, и Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, г-дин Демири

06.09.2024 година, Скопје – Во просториите на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) се одржа средба помеѓу претседателот на СКСЗМ, г-дин Qyra, и Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, г-дин Муамет Демири. Овој состанок имаше за цел да ги истражи можностите за подлабока соработка помеѓу економскиот и јавното здравствен сектор, со фокус на влијанието што оваа интеракција може да го има врз подобрувањето на работните услови и општата благосостојба на вработените.

Во текот на разговорот, г-дин  Демири ја истакна својата подготвеност за интензивирање на меѓу-секторската соработка, предлагајќи иницијативи насочени кон подобрување на работата на компаниите членки на СКСЗМ, како и унапредување на стандардите за јавно здравје на национално ниво. Тој подвлече дека ваквото партнерство ќе овозможи имплементација на заеднички политики кои позитивно ќе се одразат на зголемување на продуктивноста и одржување на здравјето на работоспособното население.

Од своја страна, г-дин Qyra ја изрази континуираната посветеност на СКСЗМ да обезбеди одржлива поддршка на компаниите членки. Тој истакна дека соработката со Центарот за јавно здравје е стратешка можност за подобрување на условите за работа и благосостојбата на вработените, како и за решавање на важни прашања поврзани со безбедноста и здравјето на работното место. Г-дин Qyra додаде дека Комората секогаш ќе биде подготвена да придонесе за развој и имплементација на стратегии и програми насочени кон создавање поздрава и попродуктивна средина.